Колекција пенкала во чест на Енди Ворхол

53

luksuz-penkala-olovke-andi-vorhol-montblanc (3)Познатиот бренд Montblanc одлучи да му оддаде почит на еден од најголемите современи уметници – Енди Ворхол, пишува Forbes.

Во негова чест компанијата престави луксузна колекција на пенкала дизајнирани во духот на основачот на поп арт движењето.

Колекцијата е наречена Montblanc Great Characters Edition и се состои од три пенкала, ролер пенкало, уникатно пенкало и пенкало со бришливо мастило. Сите меѓусебно се разликуваат по дизајнот и капачето коешто е од нерѓосувачки челик. Едното од нив е декорирано со цветни елементи и многу наликува на една од сликите на уметникот.

На едно од капачињата стои и познатата дефиниција на Ворхол за уметноста.

Уникатното пенкало чини 940 долари, ролер пенкалото може да се купи за 805 долари, а пенкало со бришливо мастило чини 750 долари.

luksuz-penkala-olovke-andi-vorhol-montblanc (4)Andy-Warhol-Limited-Edition-1928Montblanc-Andy-Warhol-Special-Edition