Македонија минатата година реализираше извоз на кожни чевли во вредност од 19.439.000 долари или 37,2% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
На глобално ниво, извозот на кожни чевли достигна вредност од 57,4 милијарди долари, што претставува пораст од 6,8% во однос на 2018 година. Кина е најголем извозник во светот со заработка од 9,3 милијарди долари, додека на второ место е Италија со извоз на кожни чевли во висина од 8,1 милијарда долари.
Меѓу петте најголеми извозници се најдоа и: Виетнам (7,4 милијарди долари), Германија (3,7 милијарди долари) и Индонезија (три милијарди долари).
Од регионот, највисоко котира Албанија со извоз од 341,9 милиони долари. Следни се: Хрватска (191 милион долари), Босна и Херцеговина (168,2 милиони долари), Србија (139,4 милиони долари), Словенија (107 милиони долари), Бугарија (64,7 милиони долари) и Грција (63,4 милиони долари).
Фото: Freepik