Колкав удел има „Настел“ во „Реплек“ по последната продажба?

Фармацевтскиот гигант „Реплек АД Скопје“, преку Македонската берза, ја информираше јавноста за промена во акционерската структура на компанијата, согласно правилата за котација и обврските за известување при промени кај акционери со значителни удели.

Според официјалното соопштение, градежната компанија „НАСТЕЛ ДООЕЛ“, која е еден од поголемите акционери во „Реплек“, извршила продажба на 5 акции од својот портфолио.

По оваа трансакција, „Настел“ поседува вкупно 15.118 акции, што претставува удел од 5,83% од вкупниот број на акции на компанијата.