Колкава била просечната нето плата во мај?

148

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36. 465 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 116.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, мај 2023 година

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 54 675 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (24.3 %), Стручни, научни и технички дејности (21.6 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (4.8 %) и Информации и комуникации (4.1 %).

Фото: Pixabay