Колкава е вашата ментална сила?

49

tigar

Фото: Pixabay

Дали го имате тоа што е потребно за да издржите во тешките ситуации, да се справите со емоциите, да се радувате на туѓата среќа, да не барате дозвола од никој? Ако се пронајдете барем во половина од наведеното подолу, вашата ментална сила е многу поголема отколку што мислите.

Емоциите ги балансирате со логиката

Свесни сте за тоа како емоциите можат да влијаат на вашето размислување. Затоа ги балансирате со логиката.

Одбирате продуктивно однесување

Можеби ќе паднете во искушение да се правдате за вашите постапки, да се жалите од други луѓе и да одбегнете тешки ситуации, но сепак одбивате да трошите време на непродуктивни работи.

Умеете да се прилагодите на промени

Знаете дека иако промената умее да биде непријатна, истата е поднослива. Затоа ја насочувате енергијата кон прилагодување на промените, а не на нивно одбивање.

Се соочувате со стравовите

Вашето соочување со стравовите го правите од лична потреба и желба, а не да им докажете на другите дека сте храбри и слично.

Учите од своите грешки

Не ги криете, ниту пак ги оправдувате своите грешки. Доволно добро знаете дека грешките служат да се научи лекција.

Искрено се радувате на туѓиот успех

Соработувате со другите, не се обидувате да ги победите и не сте исплашени од туѓиот успех, туку напротив – се радувате ако луѓето околу вас успеваат во нешто.

Се фокусирате на надградба на вештините, а не на нивно покажување

Не се грижите дали тоа што го правите ќе им се допадне на другите, односно не барате признание за вашите дела од околината. Работите на усовршување на вашите вештини и знаење и не се фалите ако постигнете нешто.

Вие сте реален оптимист

Умеете да ги согледате работите онакви какви што се и да се вооружате со оптимизам, но сепак не дозволувате вашите розови очила да ја заматат реалната слика.

Извор: Business Insider