Колкава плата ќе има новиот директор на Amazon?

138

По 27 години откако ја основаше и ја претвори во онлајн империја, Џеф Безос, инаку најбогатиот човек на планетата и официјално си заминa од челната позиција во Amazon. Во удобната фотелја на Безос сега се сместува 53-годишнит Енди Џеси, кој има стаж од 24 години во Amazon, а неофицијално го носи прекарот Сенката на Безос. Тоа е така поради фактот што имал слична улога како и Безос, а тоа е да ги обучува новите вработени. Оние кои добро го познаваат за Џеси велат дека е скромен и не сака да го привлекува вниманието на јавноста.

Она што се поставува како прашање е за колкава плата прифатил да застане на чело на технолошкиот гигант. Платата на Џеси во 2019 година била околу 349.000 долари месечно, а една година претходно му биле исплатени 19,5 милиони долари. Не треба да се заборави дека е поседува и 15% од акциите на Amazon.

Основната плата на Џеси е 175.000 долари, а на тоа се додаваат околу 45,3 милиони долари од претходно доделени акции, што ќе бидат одобрени оваа година, а Amazon планира да му одобри грант од над 200 милиони долари преку дополнителни акции што ќе му бидат исплатени во следните 10 години. Ваков вид на одобрување акции за нови директори е честа пракса во технолошките компании.

Моменталното богатство на Џеси, според Bloomberg Billionaires Index, се проценува како околу 500 милиони долари.

Фото: Amazon.com