Колкави плати бараат сезонските работници

Луѓето за „сезоната“ често доаѓаат од различни делови на Хрватска, а во последно време и од целиот свет.

Затоа, не е чудно што сигурната заработка (44%) и сместувањето (40%) се од пресудно значење при изборот на сезонска работа.

Интересно е што платата е само на трето место, додека слободните денови и работното време се нешто помалку важни за луѓето во ваков вид на вработување, пишува Тпортал.

Според истражувањето, најголемите предности на сезонската работа се стекнувањето нови знаења и вештини (68% од испитаниците), запознавање нови луѓе (61%) и платата,(54%) која обично е значително повисока отколку во случајот преку целата година.  Тука се и престојот на море (45%) и интересната и атрактивноста на работата (44%), а само шест проценти од луѓето сметаат дека сезонската работа нема предности.

Од друга страна, најголемите недостатоци на работата во сезоната ги наоѓаме во речиси ограниченото времетраење, долгите работни денови, несоодветното сместување, прениската плата и одвоеноста од семејството.

Кога станува збор за просечната плата, очекуваната месечна нето-плата за сезонско работно место е 1.307 евра нето, што е за шест отсто повеќе во однос на лани.

Месечниот приход, се разбира, зависи и од видот на работата:

келнерите очекуваат просечна месечна плата од 1.408 евра

готвачите би сакале минимум 1.482 евра за својата работа

собари очекуваат минимум 1.145 евра месечно во просек

рецепционерите сметаат дека за својата работа треба да добијат минимум 1.259 евра

продавачите очекуваат просечна плата од 1.105 евра

магационерите очекуваат 1.050 евра во сезоната

помошен работник во кујна очекува 1.322 евра.