Колкави се платите на претседателите во регионот?

42

Иако вчера му беше зголемена платата, српскиот претседател Александар Вучиќ сепак ќе зема најниска плата од сите негови колеги во регионот и таа ќе изнесува околу 170.000 динари (1.447 евра) месечно.

Таа плата е сепак помала од претседателот на другите земји од регионот каде што се наоѓа Србија. Највисока плата  има претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, чии примања се 3.322 евра месечно. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за функцијата што ја извршува е платен 3.000 евра, пишува Данас.
Досегашните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ на своите позиции заработуваат по 2.922 евра месечно. Во однос на платата, веднаш зад нив е претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, чија плата е 2.420 евра.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, заработува 2.208 евра месечно, а платата што ја добива претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски е 1.500 евра.