Колкави се платите по сектор во автомобилската индустрија?

204

Почетниците почнуваат од 2.398 евра месечно, а искусните квалификувани работници можат да сметаат на 3.240 евра месечно. Сепак, тоа не е се.

Работењето во германската автомобилска индустрија засега не е лошо бидејќи работниците се заштитени со колективни договори или моќни синдикати како ИГ Метал.

Bild.de објави интересни информации за платите во Audi. Општо земено, колку подолго сте во компанијата, толку е поголема платата. Почетниците почнуваат од 2.398 евра месечно, а искусните квалификувани работници можат да сметаат на 3.240 евра месечно. Дополнително, предвидени се и бонуси за работа за време на празниците и регресот за годишен одмор, пренесува HAK.hr.

Годишната бруто плата е 86.800 евра за инженер, 87.200 евра за проект менаџер, 78.300 евра за софтверски инженер, 39.200 евра за механичар или 49.700 евра за логистика.

Постои и колективно договорен додаток од 27,5 отсто од месечната плата еднаш годишно на 31 јули – за сите членови на ИГ Метал. Исто така, има божиќни бонуси кои се одредуваат според стажот, а тоа е учество во делењето на добивката на компанијата.

А високиот менаџмент? Според податоците за 2021 година, извршниот директор на Audi, Маркус Деусман заработил основна плата од 1,4 милиони евра. Сепак, ова е само мал дел од неговите приходи бидејќи заедно со разни бонуси му биле исплатени нешто повеќе од пет милиони евра. Минатата година тогашниот шеф на концернот Фолксваген, во кој е и Ауди, Херберт Дис, заработил повеќе од 10 милиони евра.