Колку чинат олимписките медали?

282

Македонија оваа година е горда на својот претставник во Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски кој се закити со сребрениот медал во теквондо во категорија до 80 килограми. Дали некогаш сте се запрашале колку чинат и колку вредат олимписките медали?

Сите медали на Олимпијадата во Токио се изработени од рециклиран метал. Од едноставни економски причини, медалите повеќе не се изработуваат од чист метал, односно не златните и бронзените медали.

Последен пат кога медалите биле направени од чисто злато е на Олимписките игри во Стокхолм во далечната 1912 година. Веднаш потоа, организаторите препорачаа дека e премногу скапо да се продолжи со таква пракса.

Да претпоставиме дека една унца злато чини околу 1.890 долари, а на Игрите во Токио се доделуваат вкупно 812 златни медали. За да се произведе еден медал од 500 грама чисто злато, тоа ќе чини околу 30.000 долари, а за сите златни медали би се одвоиле дури 24,5 милиони долари.

Денес, олимписките златни медали се направени од 494 грама сребро и позлатени со шест грама злато. Во просек, еден златен медал би чини околу 815 долари, ако една унца сребро вреди околу 25 долари.

Сребрените медали, како оној на Георгиевски се направени од чисто сребро, без никакви додатоци. Па така, сребрен медал од половина килограм би чинел околу 445 долари.

Бронзените медали се најевтини за производство, бидејќи содржат 95% бакар и 5% цинк или калај. Поради тоа, еден бронзен медал би имал вредност од 4,70 долари.

Олимписките медали се најмалку три милиметри дебели и имаат дијаметар од околу 60 милиметри.

Медалите што се доделуваат на овогодишната летна Олимпијада се направени од рециклирани медали преку проектот Tokyo 2020 medals project, во којшто јапонските граѓани од сите делови на земјата беа замолени да испратат мали и неупотребливи електронски уреди како што се стари мобилни телефони или слично.

Беа собрани речиси 79.000 тони мали електронски уреди и речиси 6,21 милиони стари мобилни уреди, од кои беа добиени 32 килограми злато, 3.500 килограми сребро и 2.200 килограми бронза. Наместо сето тоа да заврши на рециклирање од собраниот материјал беа направени околу 5.000 олимписки и параолимписки медали.

Фото: Pixabay