Колку чини година дена стар iPhone, а колку Android?

110

Американската компанија BankMyCell на корисниците им нуди услуги за откуп на стари телефони, во соработка со партнерите, како што се телекомуникациски оператори или трговци на електрични уреди. Преку нивниот систем поминуваат големи количини половни телефони, па врз основа на тоа креирале статистика за движење на цените на најпопуларните модели.

Падот на вредност на нов телефон на сите ни е јасно, но големи се разликите меѓу модели.

Во првата година, нов iPhone губи во просек 23% од вредноста, а по две години 45%. Новите Android flagship телефони веќе во првата година губат во просек 45% од вредноста. За две години Android flagship станува 71% поевтин. Овие податоци се однесуваат за американскиот пазар.

Кај “поевтините“ андроиди, оние со почетна цена пониска од 350 долари, ситуацијата е понеповолна. По првата година користење, вредноста во просек им паѓа 49%, а за две години 80%. За три години Android купен за 300 долари може да се продаде за 30 долари.

Фото: Pixabay