Колку чини квадрат на море во Црна Гора, Турција, Хрватска, Албанија

349

Во екот на летната сезона, додека повеќето луѓе се одмараат на море, многумина од нив се фасцинирани од амбиентот во кој се наоѓаат и бараат можности да дојдат до сопствен недвижен имот во едно од нивните омилени одморалишта.

Голем број луѓе се заинтересирани и ги пребаруваат пазарите на недвижности во Црна Гора, Грција, Турција, но и Албанија и Хрватска. Имајќи предвид дека пазарот на недвижности постојано расте има многумина што купувањето на квадрати покрај морето го гледаат не само како можност за одмор во нивниот стан, туку и како инвестиција. На некои пазари, цените се движат од 700 евра за метар квадратен, што е случај во Албанија, до 3.000 евра, колку што ќе ве чини квадратен метар на хрватскиот брег.

Во Црна Гора од 1.500 евра па нагоре

Цените по квадратен метар на црногорското приморје се движат од 1.500 евра па нагоре. Можете да најдете стан од околу триесет метри квадратни по цена од 46.600 евра, во Будва, на 400 метри од плажа. Апартманите во нова зграда со поглед на морето во Бар, според една црногорскат агенција за недвижности, од 33 квадратни метри чини помалку од 59.000 евра, што е 1.787 евра за метар квадратен. Во Херцег Нови, цените се малку повисоки, а за стан од 39 метри квадратни во новоизградена зграда, треба да се издвојат 96.800 евра, но ова е комплекс со отворен паркинг, базен и двор, како како и приватна плажа во изградба.

Во Грција, квадрати за сечиј џеб

Цените за апартмани и студија во Грција се движат од 1.000 евра па нагоре. Станот  од 45 квадратни метри во Неа Каликратија, на Халкидики чини околу 1.000 евра за метар квадратен.

Од друга страна, во Неа Флогита, делумно наместен стан од 32 метри квадратни чини 50.000 евра. 1.562 евра за метар квадратен.

Турција

За еден стан, на околу 700 метри од морето, од 36 квадратни метри, потребно е да се издвојат 35.000 евра. Апартман во центарот на Аланија од 38 квадратни метри, во комплекс кој има хотелска инфраструктура (сауна, теретана и базен), чини 1.526 евра за метар квадратен.

Најскапо во Хрватска

Цените на недвижностите на хрватското крајбрежје се највисоки во групата споменати дестинации. На Хвар, апартман со една спална соба, 300 метри од плажа, со површина од 39 метри квадратни, во зграда која  има своја градина и резервиран паркинг простор, чини 130.000 евра, околу 3.333 евра за метар квадратен. За комплетно опремен  стан во Ровињ од 30 квадратни метри, околу двесте метри од плажа, потребно е да се издвојат 95.000 евра или 3.275 евра за метар квадратен. Малку подалеку од морето, 400 метри, во Ровињ е можно да се најдат 37 квадратни метри за 99.000 евра. Во исто време во Пула, на 200 метри од брегот, 25 метри квадратни чини 55.000 евра.

Албанија во фокусот

По Грција, Турција, Црна Гора и Хрватска  жителите од регионот сè повеќе го чешлаат брегот на Албанија во потрага по недвижен имот.

Во случајот со Албанија, цените на недвижностите се прифатливи. Најголем број на недвижности за продажба се наведени во Саранда, Валона, Драч или Дерми, а цените се движат од 700 до 2.500 евра за метар квадратен, во зависност од нивото на опрема на станот и придружните објекти лоцирани во комплексот.

Фото: Pixabay