Пандемијата предизвикана од коронавирусот сериозно ја забави изградбата на нови објекти во Црна Гора, а продажбата на станови е преполовена, со пад на цените од околу 10%.
Според податоците на Монстат, во третиот квартал од оваа година, издадени се само 35 дозволи за градење, со коишто е предвидена изградба на 158 станови. Тоа е најмала бројка за овој период во изминатите 10 години, за колку што постојат податоци на Монстат, пренесуваат црногорските медиуми.
Цената на метар квадратен во нова градба, според склучените купопродажни договори во третиот квартал од оваа година, била околу 876 евра. Податоците покажуваат дека во овој период има значајна продажба на станови од таканаречените солидарни и синдикални програми, чија цена била околу 492 евра по квадрат, што значајно ја намалува просечната цена.
Просечната цена од комерцијалните договори за купување нови станови е 1.109 евра за квадрат, додека минатиот период лани била 1.226 евра, што е пад за околу 10%.
Во приморските региони на Црна Гора, цената на стан за новоградба е околу 1.414 евра по квадрат, додека лани била 1.365 евра, што е пораст за 3,6%. Во Подгорица, просечната цена од комерцијалните договори е 1.158 евра, а минатата година во истиот квартал изнесувала 1.248 евра или 7,3% помалку.
Фото: Pixabay