Колку чини образованието на нашето дете?

24

CO

Започна школската година, а со неа и училишните трошоци!

Што сè е потребно за да се опреми еден ученик за почеток на школската година? Во книжарниците метеж, родителите со нарачките в рака. Само за купување на ранец и училишен прибор родителите треба да одвојат најмалку 3.000,00 денари. Ранци, тетратки, дрвени, водени боици, темпери, блокчиња… Во некои училишта се наплаќаат и училишните униформи и дополнителни трошоци доколку се одлучите за целодневна настава.

Со почетокот на новата учебна година, овој месец околу 275.000 ученици повторно седнаа во училишните клупи. Речиси 20.000 првачиња ги направија првите чекори по својот едукативно – образовен пат. Ова патување содржи многу значајни моменти – години на школување, подготвителни часови, испити, приемни испити за високо образование, курсеви за странски јазици… Моменти кои подразбираат сериозна инвестиција во знаењето и образованието на Вашето дете и неговата иднина.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“

Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Тука и започнуваат вистинските проблеми. Се работи за борба меѓу желбата и можностите. Желбата е повеќе од оправдана со оглед на фактот дека образованието и едукацијата се патот кој води кон сигурна и просперитетна иднина. Трошоците за образование се значајно зголемени и неминовно наметнуваат потреба од постепено и планско штедење.

КОЛКУ ВИЕ ИМАТЕ ЗАШТЕДЕНО ЗА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ?

За дополнителни информации Ве очекуваме да нè контактирате на 071 345 796 или испратете СМС со содржина: INTERES – име и презиме, нашите оператори ќе Ве контактираат.

CO1