Колку чини стан со поглед на Ајфеловата кула?

80

Доколку сакате да имате стан со поглед на Ајфеловата кула, во тој случај ќе мора да одвоите најмалку 553.703 евра. Од 11 светски познати метрополи, недвижнините околу Ајфеловата кула се со највисока цена, пренесува Entrepreneur.

На второ место се домовите во близина на Кипот на слободата во Њујорк, којшто чини 550.334 евра, додека на трето место се недвижнините околу лондонски Биг Бен, со просечна цена од 534.760 евра.

Меѓу најскапи се и становите во близина на Операта во Сиднеј (378.673 евра) и Колосеумот во Рим (288.505 евра). За станови во близина на Црвениот плоштад во Москва треба да се одвојат 195.333 евра, околу Акрополот во Атина недвижнините се околу 154.016 евра, а околу Бурж Калифа во Дубаи околу 131.096 евра.

Фото: Pexels