Колку чини здравствено осигурување по глава жител во земјава, а колку во светот?

104

Фото: Pixabay

Северна Македонија е земја во којашто годишните трошоци за здравствено осигурување по глава жител се 328 американски долари или 6,3% од бруто домашниот производ. Според податоците, очекуваниот здрав животен век на луѓето при раѓање, во земја е 67,1 година.

Во светски рамки, САД имаат најголеми трошоци за здравствено осигурување, каде што трошоците по глава жител достигнуваат 9.870 долари. Во групата земји со високи трошоци за здравствено осигурување по глава жител се и: Швајцарија (9.836 долари), Норвешка (7.478 долари) и Луксембург (6.271 долар).

Од другата страна на светот, се наоѓаат овие земји со најниски трошоци за здравствено осигурување по глава жител: Бурунди (23 долари), Нигер (23 долари), Мадагаскар (24 долари)…

Од земјите во регионот, пониски трошоци за здравствено осигурување од земјава има само Албанија (272 долари по глава жител). Кај другите земји од окружувањето, трошоците по глава жител се: Босна и Херцеговина (444 долари), Србија (494 долари), Турција (469 долари), Бугарија (612 долари) и Хрватска (884 долари по глава жител).

Земјите во западна Европа имаат повисоки трошоци за живот и за здравствено осигурување по глава жител во однос на земјите од источна Европа. Стариот континент, исто така, е единствениот континент на којшто очекувањето за траење на животниот век е 60 години и повеќе.

Не постојат две земји коишто имаат исти трошоци за здравствено осигурување. Порталот howmuch.net направи анализа што предвид зема три основни елементи: очекуван здрав животен век при раѓање, тековни трошоци за здравствено осигурување по глава жител и тековни трошоци за здравствено осигурување како процент од бруто домашниот производ (БДП).