Колку денес би чинела Zastava 101

517

Zastava 101, попознат како “стоеден“ или “стокец“ во своето време беше еден од ретките автомобили од Истокот кој можеше да се носи со конкуренцијата од Западот.

Една од тајните на успехот на Zastava 101 беше италијанската основа. Практичната петта врата во тоа време беше реткост, а стоеден како домашен производ во Југославија имаше многу популарна цена.

Благодарение на магазинот Ауто од 1972 година можеме да дознаеме колку чинел популарниот автомобил.

Бараниот износ изнесувал 2.084 американски долари, што претворено во денешна вредност е 11.441 еврa, пренесува Официјалната страница на форумот за застава 101 на Facebook.

Фото: Facebook