Колку е богат Џеф Безос?

42

Што велат бројките…?

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на империјата Amazon “вреди“ 121 милијарди долари. Тој е за 16 милијарди побогат од Бил Гејтс кој е втор на листата Најбогати луѓе во светот.

Иако платата на Безос е 81.840 долари годишно, најголемиот дел од парите доаѓаат преку акциите во Amazon.

Тој заработува околу 2.489 долари во секунда, што е повеќе од двојно од неделните примања на еден просечен работник во САД.

Откако се разведе од сопругата Мекензи и се откажа од 25% од акциите во Amazon, Безос се уште е најбогат во светот.

Тој е толку богат што еден долар за еден просечен жител на САД е исто како 1,2 милиони долари за Безос.

Сопственикот на Amazon е речиси 38% побогат од Британското кралско семејство.

Безос вреди колку целиот БДП (бруто домашен производ) на Ангола.

Неговата нето вредност е поголема од БДП на Исланд, Авганистан и Костарика заедно.

Еден просечен жител на САД со високо образовение ќе заработи околу 2,19 милиони долари за целиот работен век, додека Безос истата сума ја заработува за помалку од 15 секунди.

Фото: Facebook