Колку ги заштитуваме личните податоци на социјалните мрежи

52

Еден од четворица жители на Европската унија, на возраст меѓу 16 и 74 години, не дале лични информации на некоја од социјалните или професионални мрежи, во текот на 2019-та година, поради лична безбедност.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем процент на луѓе кои не дале лични информации има во Франција (40%), по што следат Холандија (39%), Финска (37%) и Словачка и Шведска (по 36%).

За разлика од нив, најмал процент имаат: Литванија (6%), Бугарија и Унгарија (по 8%), Хрватска и Романија (по 9%).

Во Македонија, 10% од испитаниците не завршиле некоја активност на интернет поради безбедност на личните податоци.

Од земјите во регионот, најголем процент има: Словенија (24%), по што следуваат: Србија (13%), Косово (11%), Грција (10%), Хрватска (9%), Босна и Херцеговина (4%) и Црна Гора (1%).

Фото: Pixabay