Колку го чинеше Цукерберг падот на социјалните мрежи?

78

Акциите на Facebook имаа тежок почеток на неделата. Богатството на ко-основачот на Facebook Марк Цукерберг се стопи за повеќе од шест милијарди долари за неколку часа по падот на цената на акциите на компанијата како резултат на критиките за нејзината политика, во комбинација со глобалниот колапс на пристапот до услугите.

Акциите на Facebook, една од водечките компании во Nasdaq индексот на високотехнолошките компании, паднаа за речиси пет проценти до 326,23 долари. Откако го достигна врвот во почетокот на септември, акциите загубија 15 проценти од својата вредност.

Социјалната мрежа е обвинета дека го става профитот пред безбедноста, откако внатрешна истрага откри дека нејзината платформа Instagram негативно влијаела на тинејџерките. Додадено на ова беше големиот прекин синоќа на пристапот до четири негови мрежи –Instagram, Facebook, Messenger и WhatsApp, кои обично ги посетуваат околу 3,5 милијарди луѓе ширум светот месечно.

Како резултат на падот на акциите, 37-годишниот Марк Цукерберг загуби повеќе од шест милијарди долари за само неколку часа, што го намали неговото богатство на 121,6 милијарди, јави Блумберг. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.