Информатичките технологии се област што нуди голема можност за вработување и развој, а според статистиките нудат и добра заработка. Во Македонија во текот на минатата година од вкупната работна сила, 2,3% биле ИТ експерти, додека во 2019 година тој процент бил 1,9.
Во 2020 година, околу осум милиони луѓе во Европската унија работеле како ИТ експерти или 4,3% од вкупната работна сила во Унијата. Тој процент е за 0,4 процентни поени повисок одошто во 2019 година, кога 3,9% од вкупниот број на вработени биле експерти по информатички технологии.
Највисок процент на ИТ експерти од вкупната работна сила во ЕУ има во: Финска (7,6%) и Шведска (7,5%), додека околу 5% имаат: Естонија, Луксембург, Холандија, Ирска и Данска. Најмал е процентот во Грција (2%) и Романија (2,4%).
Според податоците на Eurostat, поголем дел од ИТ експертите се мажи. На ниво на цела Унија, жените во овој сектор сочинуваат 18,5%. Највисок процент на жени вработени во ИТ секторот има во Бугарија (28,2%), Грција (26,5%) и Романија (26,2%), додека најмал е во Унгарија (12,3%), Малта (11%) и Чешка (10,3%).
Фото: Pexels