Колку ќе чинат Олимписките игри во Токио?

37

Од 23-ти јули до осми август светската спортска јавност ќе ужива во најголемиот спортски настан на планетата, чиј домаќин оваа година е Токио. Олимписките и параолимписките игри требаше да бидат одржани во 2020 година, но поради пандемијата овој најголем спортски настан беше одложен.

Уште во март оваа година, Олимписките игри во Токио ќе бидат поразлични од сите досега, бидејќи нема да биде дозволено присуство на навивачи. На оваа летна Олимпијада ќе се натпреваруваат спортисти во 33 дисциплини, ќе бидат одржани 339 натпревари на 42 спортски арени. Поголемиот дел од нив ќе бидат организирани во пошироката област на Токио.

Параолимписките игри ќе се одржат од 24-ти август до петти септември. Параолимпијците ќе се натпрeваруваат во 22 дисциплини на 21 спортска арена.

Првичниот буџет за Олимпијадата во Токио беше 12,6 милијарди долари, но се појавиле тврдења во медиумите дека реалните трошоци се двојно поголеми.

Во договорот меѓу Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и градот домаќин јасно е назначено дека само Светскиот олимписки комитет може да го откаже настанот. Се смета дека МОК заработува околу 70% од парите од правата на телевизиски пренос, а 18% од спонзорски договори. Токму претставници на МОК во повеќе наврати инсистирале на тоа дека Олимпијадата може безбедно да се одржи, дури и ако е прогласена вонредна состојба. Бидејќи Токио го прекршил договорот и ги откажа Игрите минатата година, целата финансиска загуба падна на товар на главниот град на Јапонија.

Фото: Pixabay