Колку коронавирусот го менува секојдневниот живот?

67

Околу 70% од Романците сметаат дека пандемијата на коронавирусот комплетно или делумно им го промени животот, пренесува Romania Insider.

Тие се најмногу загрижени за личните финансии (46% од испитаниците), здравјето (40%) и за менталното здравје (28%).

Истражувањето било спроведено меѓу 14-ти и 17-ти март, на репрезентативен примерок од 628 лица.

Дури 81% од испитаниците изјавиле дека ретко го напуштиле домот во текот на минатата недела. Оние кои излегле од дома, 41% биле во аптека, 35% во супермаркет, 28% во банка и 23% во црква.

Меѓу производите што најмногу се купувале во тој период, на прво место со 43% се средствата за чистење. Потоа следуваат: свежо овошје и зеленчук (24%), производи за лична хигиена (21%), конзервирана храна (20%). Половина од Романците рекле дека сега почесто плаќаат со картичка, телефон или паметен часовник.

Бидејќи поголемиот дел од денот го поминуваат дома, Романците најмногу гледале филмови (62%), слушале музика (62%), играле онлајн игри (59%) и рециклирале отпад (47%).

Во однос на тоа како се информираат за тоа што е ново во нивната земја, 85% одбираат телевизија, а 60% онлајн медиуми. Facebook е вториот алтернативен извор на информации, веднаш зад онлајн медиумите.

Фото: Pixabay