Колку Македонци добиле дозвола за престој и работа во Хрватска

263

Најмногу дозволи за престој и работа во Хрватска годинава се издадени на државјани на Босна и Херцеговина, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Од вкупно 86.032 издадени дозволи до крајот на август годинава, 26.166 се издадени на државјани на БиХ, 15.030 на Србија, 8.079 на Северна Македонија, 7.994 на Непал и 6.028 на Косово.

Најмалку дозволи имало за сезонски работници, а најмногу за нововработени.

По дејност, странците се најбарани во Хрватска во градежништвото – 33.501 дозволи, туризмот и угостителството 28.191, индустријата 10.916, транспортот и врските 4.419, а земјоделството и риболовот 1.866.

Според МВР, до почетокот на октомври постојан престој или долготраен престој во Хрватска добиле 10.316 државјани на трети земји, а привремен престој имале 96.526.

Новиот Закон за странци во Хрватска предвидува Владата повеќе да не донесува одлука за утврдување на годишната квота за дозволи за вработување на странци, туку дозволи за престој и работа може да се издаваат врз основа на мислењето на хрватската служба за вработување, пренесуваат хрватските медиуми.