Колку напорната работа е важна за успехот?

72

mravka

Фото: Pixabay

Неоспорно е дека напорната работа придонесува за успех во кариерата, но колку напорно треба да работиме за да го постигнеме тоа што го сакаме?

Напорната работа нема да “смисли” добра бизнис идеја

Добрите бизнис идеи не можат да дојдат кога ќе посакате. Тие се случуваат случајно, поттикнати од креативноста на личноста. Напорното размислување и истражување не се предуслов за тоа. За добрата идеја не е потребен труд и долгогодишна работа. Таа може да се случи кога најмалку очекувате.

Напорната работа не е пропорционална со продуктивноста

Ова најлесно може да се опише со возење велосипед по угорница, потребно ви е многу напор, но сепак не стигнувате далеку. Така е и со работата, може да го дадете својот максимум, да работите со месеци на некој проект, но на крајот резултатот да биде поразителен. Побарајте го скратениот пат и вистинските луѓе.

Претприемништвото е тимски спорт

Речиси е невозможно сами да создадете успешен бизнис. Потребен е тим за да се создаде добра стратегија и истата да се реализира. Според тоа, вие може да работите 24/7, но ако вашиот тим не е посветен на остварување на целите, успехот ќе изостане.

Времето е пари и не треба да се троши залудно

Трошење на многу пари не значи дека ќе стекнете многу вредност. На пример, иста сума инвестирана во недвижнини и производство на сирење, ја нема истата долгорочна вредност. Исто како и парите така и времето – не смее залудно да се троши, напорната работа се исплатува само ако резултира со нешто од исклучителна важност.

Напорната работа исцрпува

Прескокнување на оброците и одморот кога – тогаш ќе го даде својот негативен ефект. Продуктивноста значително ќе се намали, ќе ја изгубите волјата за работа, едноставно ќе “согорите”. Која е поентата на постигнатиот успех ако истиот ве чини здравје? Не плашете се да направите пауза, стиснете ја малку кочницата и тргнете одморени кон нови успеси.