Kолку Норвешка планира да заработи од продажбата на нафта и гас годинава?!

111

Норвешка со години се претставуваше како еден од најголемите поддржувачи на зелената транзиција и екологијата во светот. Во транспортниот сектор активно кофинансира купување на електрични автомобили за граѓаните и инвестира во други еколошки индустрии.

Од друга страна, Норвешка е седма во светот по БДП по глава на жител, а најголем дел од нејзиното богатство се базира на продажба на енергетски производи, пишува revijahak.
Лани е забележана рекордна заработка од продажба на нафта и гас, а годинава ќе биде уште поголема. Норвешката влада верува дека заработката од нафта и гас во 2023 година ќе биде околу 131 милијарда долари, што е за околу 18 отсто повеќе отколку во 2022 година.