Колку онлајн пазарењето е сигурно во време на пандемија

148

Додека научниците ширум светот се обидуваат да најдат одговор и решение за новата ситуација со коронавирус, во нашиот микро свет, од нас зависи како ќе го  искористиме најдоброто од она што во моментов е на располагање, без да заборавиме да ги следиме сите мерки на претпазливост и заштита.

Социјалната изолација нè поттикна да размислуваме и да се вклучиме во голем број активности за кои вообичаено “немавме“ време, но сепак треба да одиме и до продавница за да купиме намирници и одредени производи. Затворените продавници ни отежнуваат малку, но можноста за купување преку интернет ги решава скоро сите проблеми дури и во оваа ситуација. Сепак, постојат голем број на прашања поврзани со оваа тема, кои се наметнуваат во време на постојана дезинфекција.

Една од професиите што не може да се изврши од дома или преку интернет е достава на пакети. Оние кои работат како доставувачи се во близок контакт со голем број на луѓе, но и со предмети за кои не можат да бидат сигурни дали се потенцијален извор на инфекција.

Неодамнешните истражувања покажаа дека коронавирусот може да се задржи на картон до 24 часа, додека на пластика и нерѓосувачки челик многу повеќе. Поради високиот ризик од контакт со коронавирус, доставувачите се штитат со маски и ракавици, но заради интеракцијата со голем број на луѓе, постои голема опасност за нив.

Затоа, најдобро е да ја одржувате препорачаната оддалеченост, за да се заштитите самите, а и доставувачот и земајте ги пакувањата со заштитни ракавици, кои потоа ќе ги дезинфицирате.

Како да постапите со облеката што сте ја нарачале?

Информациите за тоа како се пренесува вирусот од ден на ден се менуваат, па додека некои велат дека може, а други дека не може да се пренесе преку облека, се препорачува да ја исперете облеката и чевлите веднаш по пристигнувањето дома.

Истиот совет се однесува и за облеката што сте ја нарачале на интернет. Откако ќе ви стигне пратката, веднаш ставете ја облеката што е доставена во вашата машина за перење и исперете ја на максимална дозволена температура.

Кога купувате преку Интернет:

  • Користете само проверени страници
  • Купете само она што навистина ви треба
  • Не нарачувајте предмети што веќе планирате да ги враќате однапред
  • Следете ги сите мерки на претпазливост при преземање пакети
Фото: Pixabay