Колку пари ѝ донесе извозот на дрво на земјава?

93

Македонија, според податоците на World’s top export’s, е 105-та земја во светот по извоз на необработено дрво со 1.558.000 долари или 18,4% повеќе во однос на 2018 година.

На глобално ниво, извозот на дрво во светот лани достигна вредност од 36,6 милијарди долари, што е 11,6% помалку во споредба со 2018 година.

Како најголем извозник на дрво лани се одвои Канада со 17,4% удел во вкупниот извоз или заработка од 6,4 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на дрво се најдоа и: Русија (4,5 милијарди долари), Шведска (три милијарди долари), САД (2,8 милијарди долари) и Германија (2,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, највисоко котира Хрватска со извоз од 440,5 милиони долари. Следни се: Словенија (426,7 милиони долари), Босна и Херцеговина (181,9 милиони долари), Србија (84,5 милиони долари), Бугарија (36,3 милиони долари) и Грција (7,6 милиони долари).

Фото: Freepik