Колку пари на земјава ѝ донесе извозот на цреши?

92

Извозот на цреши минатата година во светот достигна вредност од три милијарди долари, а на земјава извозот ѝ донесе 2.450.000 долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Со овој извоз, што бележи раст од 69,2% во однос на 2018 година, Македонија е 25-та во светски рамки.

Во светот, најголем извозник на цреши е Чиле, којшто од тоа заработи 1,1 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници во светот се и: Хонг Конг (764,7 милиони долари), САД (477,7 милиони долари), Турција (183,8 милиони долари) и Шпанија (95,2 милиони долари).

Од регионот, во најдобра позиција е Грција со извоз на цреши вреден 45,5 милиони долари. Пред нас се: Бугарија (6,4 милиони долари) и Србија (5,3 милиони долари).

Фото: Freepik