Колку пари треба да заработите за да се чувствувате успешни?

23

pari

Фото: Pexels

Што прави да се чувствувате успешни? Можеби тоа е добивање на унапредување или извршување на некоја тешка работна задача. За некои луѓе исполнетоста во приватниот живот е успех, за други љубовта кон работата и задоволството што претставува успех во животот.

Различни личности успехот ги асоцира на различни нешта и според истражувањето на Career Builder, платата не е една од нив.

Истражувањето на интернет го спроведе Харис Пол за Career Builder, а се состои од анкета на 3.372 работници и 2.188 работодавци и менаџери за човечки ресурси, прашувајќи ги колкава плата треба да добиваат за да се чувствуваат дека се успешни.

Анкетата е спроведена во САД и поголемиот дел од испитаниците, односно 55% одговориле дека плата помала од 70.000 долари годишно ќе направи да се чувствуваат успешни. Тоа е реална сума на пари, земајќи го во предвид фактот дека просечната американска плата е 46.000 долари годишно.

Резултатите од анкетата покажале дека 63% од женските и 47% од машките испитаници ќе се чувствуваат успешни со 70.000 долари плата годишно.

“Во просек забелешките за работниците за тоа колку им е потребно да заработат за да се чувствуваат успешни е исто или малку над нивната моментална заработка. Тоа значи дека успехот во кариерата не е поврзан со износот на парите. Успехот е во сооднос со тоа каде се наоѓаме во кариерата и како напредуваме во неа“, вели Розмари Хаефнерм, претседател на човечки ресурси во Career Builder, објави Business Insider.

Само 5% од машките и 2% од женските испитаници соопштиле дека им е потребна плата од 200.000 долари и повеќе за да се чувствуваат успешни.

“Да се врзе крај со крај е многу важна работа, но луѓето што работат од внатрешна мотивација – со љубов кон работата – помалку го поврзуваат успехот со износот на платата“, вели Хаефнерм.

Според истражувањето, чувството на успех потекнува од различни нешта: исполнување на личните цели, добивањето позитивни повратни информации од клиентите или менаџмент, или, едноставно од уверувањето дека она што го работат прави разлика во светот.