Колку плаќаат кираџиите во главните градови во регионот

221

Ал Џезира Балканс ги спореди цените по квадратен метар станови, но и месечните цени за изнајмување во главните градови на регионот.

И покрај поскапувањето, побарувачката на недвижности постојано се зголемува, а на поскапувањето на новоградбите енормно влијае и поскапувањето на градежните материјали, пишува порталот.

Увид во глобалната база на податоци Numbeo, заклучува дека изнајмувањето двособен стан во центарот на градот во просек е најскапо во Љубљана (651 евро), а најевтино во Скопје – 264 евра.

Загрепчани за двособен стан во центарот на градот во просек ќе потрошат по 498 евра, а надвор од центарот 374 евра.

Во центарот на Белград за истиот стан месечно се издвојуваат 456 евра, а за стан кој не е во центарот на градот 374 евра.

Во Подгорица  за изнајмување на двособен стан во центарот на градот се издвојуваат 339 евра, а надвор од центарот 239 евра.

Изнајмувањето стан во центарот на Сараево во просек чини 269 евра, надвор од центарот е 180 евра.

Во Скопје стан во центарот на градот чини во просек 264 евра, а надвор од центарот 188 евра.

Која е цената за метар квадратен?

Кога ќе се погледне цената на квадратот за стан, повторно е најскапа Љубљана. Во центарот на градот, квадрат од двособен стан чини 4.277 евра.

Квадратен метар во центарот на Загреб во просек чини 3.440 евра, во Белград 3.099 евра.

Во Сараево, пак, цената е нешто пониска – квадрат во центарот на градот во просек чини 1.838 евра.

Квадратен метар во центарот на Подгорица чини 1.556 евра, во центарот на Скопје 1.461 евро.