Колку поскапе храната во земјите на ЕУ

Од април 2022 година до април 2024 година, цените на храната во Европа значително се зголемија.

Pixsell објави графички приказ на поскапувањата на храната во европските земји. Се испостави дека рекордер е Унгарија со раст од 35 отсто, додека Хрватска со раст од 21 отсто ги престигна сите земји од Западна и Северна Европа.

Најмало поскапување на храната е забележано во Швајцарија.