Колку поскапеа малите автомобили во споредба со 2020 година?

51

Цените се зголемија толку многу што за многумина малите автомобили станаа недостапни.

Што ќе возиме во иднина? Како и се друго, автомобилите поскапеа, а најмногу нè боли поскапувањето на возилата кои ни беа најпристапни – микро и малите градски автомобили.

Веќе некое време нема повеќе нови автомобили под магичната граница од 10.000 евра, а сè поретки се оние кои чинат меѓу 10 и 15 илјади евра.

Колку поскапеа малите автомобили? Германскиот автоклуб ADAC ги објави цените за 2020 и 2023 година на германскиот пазар. Разликите се огромни, повеќето автомобили драстично поскапеа.

Така, малиот Fiat 500 во 2020 година чинел 12.990 евра, а денес е 16.990 евра (основна верзија), Peugeot 208 чинел 15.099 евра, а сега е 22.050 евра, Opel Corsa чинеше 14.042 евра, а денес е 18.280 евра.

Mini, за кој требаше да се издвојат 17.254 евра во 2020 година, денес чини 26.900 евра, а Renault Twingo има цена од дури 16.100 евра (во 2020 година чинеше 10.128 евра).

Стартниот VW Polo чини 20.830 евра (2020- 15.139 евра).

Интересно е што поскапеа и некои електрични автомобили: Fiat 500e од 23.560 евра на 30.990 евра, Peugeot e-208 од 29.682 евра на 35.350 евра, Opel Corsa-e од 29.146 евра на 36.395 отсто.

Поскапувањата генерално се над 20 проценти.