Колку просечни плати чини метар квадратен стан во Скопје?

319

Во последните месеци во повеќе земји од регионот, цените на метар квадратен постојат растат. Загреб до надмина Белград кога се во прашање цените на недвижнините. Агентите за недвижнини велат дека цените во Хрватска многу варираат во зависност од локацијата, сè зависи дали се купува стан во Загреб, покрај море или во други делови од земјата. Но, за просечна цена на метар квадратен станбен простор во Србија мора да се работи три месеци, бидејќи просечната плата е 550 евра, додека просечната цена на метар квадратен е 1.400 евра.

“Што се однесува до регионот и во Сараево и во Загреб и Белград цените на становите во просек се слични. Ако по одредени податоци, просечната плата во Србија, според статистиката, е 500 евра, би требало да имаме три плати за да дојдеме до еден квадрат чија цена е околу 1.400 евра. Ако за еден квадрат станбен простор треба да одвоите три просечни плати, тоа значи дека цената по сите параметри е премногу висока“, вели Горан Родиќ од Градежната комора на Србија зa Biznis.rs.

Според него, постојат и екстреми, па станови во некои делови на Србија, Хрватска и Словенија се продаваат за шест до 7.000 евра по квадрат.

Според податоците, во Србија просечната плата е 550 евра, а просечната цена на метар квадратен е околу 1.400 евра, ситуацијата во другите земји, не вклучувајќи ја Македонија е следна: Хрватска (890 евра просечна плата и 1.670 евра просечна цена на метар квадратен), Босна и Херцеговина (490 евра просечна плата и 1.100 евра просечна цена на метар квадратен), Црна Гора (525 евра просечна плата и 1.007 евра просечна цена на метар квадратен) и Словенија (1.018 евра просечна плата и 2.000 евра просечна цена на метар квадратен).

Податоците за земјава покажуваат дека просечната нето плата по вработен во мај оваа година беше 28.721 денар или 467 евра, додека просечната цена на метар квадратен се движи околу 1.000 евра. Тоа значи дека кај нас би требало да се одвојат повеќе од две просечни нето плати за да се купи еден метар квадратен на стан во Скопје.

Фото: Pexels