Колку се намалува капацитетот на батеријата на електричен автомобил по една година? (ВИДЕО)

154

Факт е дека литиум-јонските батерии го губат својот максимален капацитет со стареење и нормална употреба.

Еден од најголемите аргументи на фановите на бензин и дизел против „електричарите“ е траењето на батеријата.

Секако, факт е дека овие батерии го губат својот максимален капацитет со стареењето и нормалната употреба. За среќа, овие падови не се премногу големи, па електричните автомобили треба да задржат прилично голема автономија во возењето дури и по неколку години.

Дали е тоа навистина така? YouTuber, креаторот на каналот Battery Life, одлучи да направи експеримент за да го потврди ова. Една година возел електричен Volkswagen ID.3 и од купувањето поминал 22,5 илјади километри.

Врз основа на патниот компјутер, тој пресметал колку километри неговиот автомобил ќе помине со полна батерија во септември 2020 година и потоа го споредил со септември 2021 година, и двата пати одржувајќи константна брзина од 90 км/ч.

Земајќи го предвид предвидениот радиус на движење и просечната потрошувачка на енергија за време на делот за тестирање, тој го пресметал вистинскиот капацитет на батеријата во киловат часови. Во септември 2020 година изнесува 58,8 kWh, а по една година е намалена за околу 7,5%, на 54,4 kWh.

Декларираниот капацитет од системот беше уште помал и изнесуваше 54,1 kWh (намалување од 9%).

Овие резултати наидоа на бројни коментари на интернет. Многумина го обвинија YouTuber-от дека неговиот тест заснован на компјутерски генерирани податоци е несигурен и не докажува ништо.

Затоа решил да оди во овластен сервис на VW, каде побарал вештачење. Сервисниот тест покажа намалување на капацитетот на батеријата за 8%.

Целата работа ја опиша во видео. Така, излегува дека неговата пресметка била прилично точна. Од септември до посетата на овластениот сервис поминаа два месеци, а сопственикот на Volkswagen ID.3 во тој период помина уште 2.500 километри, иако тешко е да се каже дали тие придонеле за намалување на капацитетот за уште половина процент.