Колку се задолжени граѓаните на земјите од поранешна СФРЈ – каде е Македонија

161

Според јануарските податоци од сите шест централни банки на поранешна СФРЈ, Хрватите се најзадолжени, со околу 18 милијарди евра. Најмалку задолжени се Црногорците, со околу 1,39 милијарди евра, а Македонците со 3,01 милијарди евра.

Меѓутоа, кога овие резултати ќе бидат поделени со последните показатели по глава на жител, излегува дека најзадолжени се Словенците, со 5.286 евра, а најмалку Србите со 1.443 евра по глава на жител, додека Македонците со 1.452 евра по глава на жител.


“Словенија и Хрватска секогаш влечеа статистички индикатори нагоре во регионот, а ваквите трендови само ја продолжија старата поделба на поразвиени и помалку економски развиени земји од оваа област. Едноставно, ваквите статистички податоци ја одразуваат општата куповна моќ на жителите “, вели за Бизнис.рс, професорот на Академијата за банкарство во Белград, Зоран Грубишиќ.

Фото: Freepik