Колку “тежи“ македонското злато?

114

Златото доби на популарност за време на оваа пандемија, што е случај со секоја криза. Но, дали знаете колку монетарно злато чуваат земјите во рамки на своите девизни резерви. Светот располага со 35.218 тони злато, а САД имаат најмногу монетарно злато во светот со 8.133,5 тони или 78,6% од вкупните резерви на земјата.

Меѓу петте земји со најголеми резерви монетарно злато имаат: Германија (3.362 тони или 75,7% од девизните резерви), Меѓународниот монетарен фонд (2.814 тони), Италија (2.451,8 тони или 70,7% од вкупните девизни резерви) и Франција (2.436,3 тони или 66,1% од вкупните девизни резерви). Втората “петорка“ земји со најголеми златни резерви се: Русија (2.295,4 тони), Кина (1.948,3 тони), Швајцарија (1.040 тони), Јапонија (765,2 тони) и Индија (687,8 тони).

Од 100 земји, колку што се најдоа на листата на World Gold Concul, Македонија во април имаше 6,9 тони злато, што зафаќа 14,5% од вкупните девизни резерви на земјата.

Повеќе златни резерви од нас од земјите во регионот имаат: Грција (113,9 тони), Бугарија (40,8 тони) и Србија (35,9 тони).

По Македонија, кога станува збор за златни резерви, се: Словенија (3,2 тони), Босна и Херцеговина (три тони) и Албанија (2,8 тони).

На дното на листата, со најмалку монетарно злато се: Јемен (1,6 тони), Хаити (1,8 тони) Тринидад и Тобаго (1,9 тони).

Фото: Pixabay