Колку трошиме на увоз на ориз?

74

Увозот на ориз минатата година достигна ниво од 21,8 милијарди долари, што е намалување од 17,6% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем меѓу увозниците е Иран со 1,6 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на ориз во светот лани беа и: Саудиска Арабија (1,4 милијарди долари), Кина (1,3 милијарди долари), САД (1,1 милијарди долари) и Филипини (една милијарда долари).

Земјава е 189-та во светот со увоз на ориз од 407.000 долари или 121,2% повеќе во однос на 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем увоз на ориз има Бугарија (26,3 милиони долари). Потоа следуваат: Грција (22,7 милиони долари), Словенија (15,6 милиони долари), Албанија (11,4 милиони долари), Хрватска (11,2 милиони долари), Србија (5,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (5,2 милиони долари).

Фото: Freepik