Колку трошиме за образование на нашето дете?

23

co1

Септември започна, а со него и училишните трошоци!

Поаѓањето на училиште вклучува дополнителни трошоци за родителите. Што сè е потребно за да се опреми еден ученик за почеток на школската година? Во книжарниците метеж, родителите со нарачките в рака. Што сè е потребно за школската година? Само за купување на ранец и училишен прибор родителите треба да одвојат најмалку 3.000,00 денари. Ранци, тетратки, дрвени, водени боици, темпери, блокчиња… Во некои училишта се наплаќаат и училишните униформи, работните листови и дополнителни трошоци доколку се одлучите за целодневна настава. Новата учебна година подразбира и нова гардероба. Родителите коментираат дека ако се додаде и износот за нова гардероба, тогаш за едно прваче (или воопшто за еден ученик) домашниот буџет ќе се скуси за најмалку 10.000,00 денари.

Со почетокот на новата учебна година овој месец околу 275.000 ученици повторно седнаа во училишните клупи. Речиси 20.000 првачиња ги направија првите чекори по својот едукативно – образовен пат.

Ова патување содржи многу значајни моменти – години на школување, подготвителни часови, испити, приемни испити за високо образование, професионални курсеви, курсеви за странски јазици… Моменти кои подразбираат сериозна инвестиција во знаењето и образованието на Вашето дете и неговата иднина.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ Трошоците за образование се значајно зголемени и неминовно наметнуваат потреба од постепено и планско штедење.

Колку Вие имате заштедено за квалитетно образование на Вашето дете?

Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.  Со почетокот на новата академска учебна година речиси 60.000 студенти ќе го продолжат процесот на свое усовршување и речиси исто толку семејства ќе се изложат на дополнително задолжување во насока на обезбедување на потребни средства за инвестиција во иднината на своето најмило.

Дали е неопходно да се задолжуваме и да подигнуваме кредити за да го запишеме нашето дете на факултет?

co2

Во пресрет на новата учебна година Кроациа Осигурување – Живот ги засилува своите активности во насока на сè поголема едуцираност на граѓаните за животно осигурување и подигнување на свеста за потребата од штедење.

Интегрираноста на осигурителната и штедната компонента го прави животното осигурување се поатрактивно за македонските граѓани, кои се почесто го препознаваат како начин за инвестирање во сигурна иднина.

Водечката компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, нуди сигурен начин да обезбедите најдобра едукација на своето дете. „Коко детското штедно осигурување“ е веќе добро познато за македонските граѓани со своите бројни поволности  кои овозможуваат да ги испланирате заштедите и исплатите за образование на Вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување.

Од неодамна Кроациа ја зголеми својата понуда воведувајќи го новиот производ „Мое Образование“ кое обезбедува исплата на осигурена сума зголемена за припишана добивка која може да биде исплатена како школарина кон образовна институција или во вид на стипендиска рента.

Испланирајте ја оваа инвестиција навремено со постепено и планско штедење. Квалитетното образование е клучот за сигурна иднина на Вашето дете.

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ДЕНЕС ЗА ИДНИНАТА НА ВАШЕТО ДЕТЕ!