Колку вредат најскапите спортски тимови

3

downloadForbes ја објави годишната листа на највредните спортски тимови The World’s Most Valuable Sports Teams.

Според резултатите, фудбалскиот клуб Real Madrid по трет пат се наоѓа на врвот со вредност од 3,26 милијарди долари.

Првата ваква листа беше објавена во 1998 година, а моменталната просечна вредност на тимовите на истата изнесува 1,75 милијарди долари, што е за 31% повеќе од минатата година.

Погледнете колку тежат најскапите тимови во спортот:

Real Madrid – 3,26 милијарди долари (фудбал)

Dallas Cowboys – 3,20 милијарди долари (американски фудбал)

New York Yankees – 3,20 милијарди долари (безбол)

Barcelona – 3,16 милијарди долари (фудбал)

Barcelona-FC-team

Manchester United – 3,10 милијарди долари (фудбал)

Los Angeles Lakers – 2,60 милијарди долари (кошарка)

New England Patriots – 2,60 милијарди долари (американски фудбал)

New York Knicks – 2,50 милијарди долари (кошарка)

Los Angeles Dodgers – 2,40 милијарди долари (безбол)

Washington Redskins – 2,40 милијарди долари (американски фудбал)