Колку време е потребно за да се изгради фабрика за автомобили: Голем кинески играч во Унгарија ќе ја стартува фабриката за рекордно време!

67

Новата фабрика на BYD исклучиво ќе произведува автомобили кои ќе го преплават континенталниот пазар. Засега се почитуваат роковите, иако на земја сè уште не е поставена ниту една тула. Сепак, плановите за извршување што ги откри BYD гарантираат дека фабриката ќе биде изградена во различни фази и ќе биде оперативна за производство на првите возила за три години. Кратко време е ако се земе предвид големината на проектот, но ако Кинезите по нешто се издвојуваат во последните години, тоа е брзината. Тие градат, развиваат и произведуваат побрзо од кој било друг, пишува ХАК ревија.

Европските брендови веќе знаат колку време имаат пред најголемата кинеска компанија за електрични автомобили да влезе во Европа со полн капацитет. Додека сите претпоставуваат дека фабриката на BYD во Унгарија ќе се фокусира исклучиво на електрични возила, Кинезите ја опишуваат како фабрика за нови енергетски возила (NEV), термин што го користат за да ги опишат сите приклучени возила, без разлика дали се 100% електрични или plug-in хибридни .