Колку време ни е потребно за да се одмориме и опуштиме

33

Фото: Pixabay

Го имате ли она чувство кога ќе се вратите од одмор, а исто како и да не сте биле. Тоа чувство најчесто се појавува откако ќе заврши викендот.

Потребно е да помине извесно време за да се “исклучиме“ од секојдневните обврски и проблеми за да се опуштиме. Истражувањето, во коешто учествувале 2.000 Американци на возраст од 25 до 55 години, покажа дека нивото на стрес останува ист кај оние кои одат на одмор пократко од три дена.

Тоа значи дека на еден возрасен човек му се потребни најмалку три дена за да почне да се опушта. Тоа и има смисла бидејќи првиот ден немате многу време за опуштање, вториот ден поминува во прилагодување на новата средина, по што веќе може да почне да се опушта бидејќи средината му е позната, а ја има и мислата дека ги нема секојдневните обврски, предизвици, проблеми.