Колку заработи Аргентина со освојувањето на Светското првенство?

151

Аргентина е новиот светски шампион во фудбал, а покрај пехарот и радоста што им ја донесоа на своите навивачи, сојузот и играчите и донесоа на земјата и значителен награден фонд. Најголемата досега.

Со освојувањето на Светското првенство во 2022 година во Катар, Меси и тимот освоија награда од 42 милиони долари.

Французите како финалисти однесоа 30 милиони долари, додека третопласираната Хрватска со 27 милиони долари.

Оние кои го завршија натпреварувањето во групната фаза добија по девет милиони долари, а секоја наредна етапа за оние кои ја поминаа им донесе четири милиони повеќе.

Така, наградниот фонд во Катар беше за 40 милиони долари поголем во однос на турнирот во Русија во 2018 година.

За споредба, пред 2006 година светските шампиони никогаш не го напуштиле турнирот со повеќе од 10 милиони долари, а на пример во 1982 година Италија ја напушти Шпанија со 2,2 милиони долари.

Овој пораст на заработката следеше во 2002 година кога националните тимови извршија голем притисок врз ФИФА да ги зголеми паричните награди што се нудат, при што приходите од Светското првенство се зголемија.