Колку заработи Новак Ѓоковиќ оваа година

130

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, е најдобар и по заработувачка оваа година.

Во 2021 година, првиот тенисер на светот заработил нешто повеќе од девет милиони американски долари (9.100.546) од турнирски награди, што е многу повеќе од второпласираниот од оваа листа, Русинот Данило Медведев, кој заработил нешто помалку од седум и половина милиони долари (7.481 ,271).

Меѓу првите пет се уште олимпискиот финалист на АТП Александар Зверев (6.420.344 милиони), Гркот Стефанос Циципас (3.579.155) и уште еден Русин, Андреј Рубљов (3.331.378).

Повеќе од 1 милион долари на турнирите ширум светот освоиле 37 тенисери, но само еден од нив имал поголема заработка од успесите во двојки, отколку во поединечна конкуренција. Тоа е Французинот Пјер-Хју Херберт кој заработил речиси 620.000 во двојки и нешто помалку од 450.000 на индивидуалните турнири.