Колку заработи Русија од нафта и гас, а колку потроши за војна

148

Русија профитираше затоа што и покрај намаленото количество нафта и други енергетски производи.

Русија заработи повеќе од доволно пари во својата енергетска војна против Европа за да ги покрие трошоците за вооружениот конфликт во Украина.

Ова го заклучи Финскиот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот. Според тој институт, од почетокот на инвазијата на Украина, Кремљ од продажбата на нафта, гас и јаглен заработил 162 милијарди евра. Според нивната проценка, во исто време руската влада потрошила околу 99 милијарди евра за војната. Тоа е секако проценка бидејќи сумите се државна тајна.

Руската Федерација профитираше затоа што и покрај намаленото количество нафта и други енергетски производи што тече на Запад, цената на енергетските производи вртоглаво порасна. Покрај тоа, Русија најде нови пазари како Кина каде има намера да продава вишоци. Шефот на нафтениот гигант Газпром, Алексеј Милер, најави дека Русија ќе го зголеми количеството гас што може да го испрати во Кина преку гасоводот Силата на Сибир.

Задржување на профитот
Институтот „Креа“ пишува дека Русија го намалила количеството испорачано гас во Европа за 75 отсто, со што ја уценувала за војната во Украина. „Сепак, поскапувањето значи дека приходите останаа исти како пред една година“, објаснуваат од центарот. Истражувачите од Институтот Креа бараат царини и ограничувања на цените за да се ограничи профитот на Русија во нејзината уценувачка војна против ЕУ.

Од крајот на февруари, кога започна војната, ЕУ уплатила дури 86 милијарди евра во руската каса за гас и нафта. Само Германија платила 18,5 милијарди евра. Русија доби 35 милијарди евра од Кина.

Со цел да се ограничи рускиот профит од поскапувањето на нафтата и да се намали можноста Западот да ја финансира воената машинерија во соседна Украина, групата Г7 минатата недела објави дека ќе поддржи ставање ограничување на цената на нафтата од Русија.

Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД најавија дека сакаат што повеќе земји да се приклучат на иницијативата, но аналитичарите не веруваат дека Кина или Индија, кои досега тргуваа со Русија, повеќе или помалку, ќе се согласат.тивок напад на Украина. Тие веднаш испратија предупредување од Кремљ дека ќе ги санкционираат сите земји кои ќе се согласат со овој договор и ќе им забранат снабдување со нафта.

Во меѓувреме, Русија продолжува да пука со сите расположливи средства. Компанијата Газпром објави дека Кина почнува да ги плаќа руските енергетски испораки во рубли и јуани наместо како досега во долари. На овој начин Москва се обидува да ги зајакне врските со Пекинг и да ја намали зависноста од доларот во трговијата и банкарството.