Колку заработува банкар, лекар, пекар… во Германија

88

Сојузниот завод за вработување во Германија објави колкави плати се земаат во различни професии, пренесува магазинот Fenix.

Според пописот за 2019 година, којшто прикажува средна бруто плата на најпопуларните професии во Германија, медицинска сестра заработува 3.032 евра, лекар 6.150 евра, а архитект 4.087 евра.

Според истиот попис, пекар во Германија заработува 3.502 евра, продавач на печива 1.839 евра, ракувач со багер 3.421 евра, а банкарски службеник 4.875 евра.

Платата на градежен инженер е 5.246 евра, професионален возач како и возач на автобус земаат 2.556 евра.

Фризер има плата 1.684 евра, а електромеханичари 3.694 евра. Чистач на зграда заработува 2.080 евра, а домар 2.889 евра.

ИТ експерти заработуваат во просек 4.236 евра, поголема плата имаат пилотите кои заработуваат 6.150 евра. ПР менаџери се платени со 4.436 евра, а слична плата земаат програмерите 4.644 евра.

Фото: Pixabay