Kолку заработува Манчестер Јунајтед од еден продаден дрес на Роналдо

202

Од моментот кога беше објавено дека Кристијано Роналдо ќе го преземе дресот со број 7 во Манчестер Јунајтед, над илјада онлајн продавници добија нарачки од целиот свет, што предизвика соборување на рекордот во Премиер лигата.

За дресот на Роналдо беа потрошени околу 32,5 милиони фунти за само 12 часа. Се проценува дека во тој период биле продадени помеѓу 300.000 и 400.000 “седмици“, кои чинеле помеѓу 80 и 110 фунти.

Но, целата заработка не оди за клубот од Манчестер. Прво, 10 проценти од продажбата на дресови оди за Премиер лигата, а откако Јунајтед потпиша десетгодишен договор со Адидас (вреден 750 милиони фунти) во 2014 година, експертите веруваат дека клубот од Олд Трафорд зема околу 5 фунти по продаден дрес од оваа продажба. Останатото оди за Адидас.