Колку заработува Мараја Кери од песната All I Want For Christmas Is You?

122

Во овој период од годината тешко дека ќе пројде ден, а да не ја слушнеме песната All I Want For Christmas Is You, којашто во 1994 година ја испеа Мараја Кери.

Популарната божиќна песна на пејачката во последните 25 години ѝ донесе повеќе од 60 милиони долари. Песната има повеќе од 617 милиони прегледи на YouTube откога е на платформата од 2009 година.

Ако и оваа празнична сезона биде како и претходните, се проценува дека Мараја Кери за период од ноември до Божиќ ќе заработи 600.000 долари.

Фото: Pexels