Колку заработува Швајцарија од извоз на часовници?

55

Една од првите асоцијации кога ќе се спомене Швајцарија секако се рачно изработените стилски часовници.

Во текот на минатата година, оваа земја извезе часовници во вредност од 21,8 милијарди долари, што е 6,9% удел во вкупниот извоз на земјата, којшто лани достигна вредност од 314 милијарди долари.

Сепак, фармацевтските производи се најголем извозен адут на Швајцарија, бидејќи зафаќаат 26,4% од вкупниот извоз, а земјата од нив во 2019-та година инкасираше 83 милијарди долари.

Според податоците на World’s top exports, меѓу најизвезуваните производи од Швајцарија влегуваат и: благородни метал (80,1 милијарда долари), техничка опрема и компјутери (22,9 милијарди долари) и органски хемикалии (22 милијарди долари).

Фото: Freepik