Колку заработуваме од извоз на лекови?

78

Македонија е 63-та земја во светот по извоз на лекови, којшто во 2019 година беше на ниво од 103.795.000 долари.

На глобално ниво, извозот на лекови имаше вредност од 392,9 милијарди долари, што е за 3,2% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Германија е лидер со 14,5% удел во вкупниот извоз и заработка од 56,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на лекови во 2019 година беа и: Швајцарија (47,8 милијарди долари), Холандија (31,1 милијарда долари), Белгија (29 милијарди долари) и Франција (26,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на лекови беше Словенија со 5,1 милијарда долари. По нејзе следат: Грција (две милијарди долари), Бугарија (една милијарда долари), Хрватска (690 милиони долари) и Србија (281 милион долари).

Фото: Freepik